Background Circle Background Circle

Интервју: Ениса Кадрии

1. Ениса, како започна приказната на твојот козметички бренд и какви производи нуди брендот?

Брендот започна како визија: врвен квалитет по цена што секоја жена може да си ја дозволи.

Приказната всушност почна додека бев студентка. Користев странски брендови кои беа одлични, но енормно скапи постојано морав да барам пари од татко ми за производи што се трошеа за неколку недели. Тогаш си реков дека убавината не смее да биде привилегија.

По студиите заминав во Швајцарија и почнав да тропам на вратите на најпознатите лаборатории. Барав формули со природна козметика, без синтетички штетни хемикалии но такви што истовремено ја хранат кожата, ја штитат и третираат конкретна проблематика.

Не прифаќав компромис меѓу чисто и ефикасно.

Следуваа години тивка работа. Дури кога го добивме точно она што го сакавме, решивме да излеземе на пазар со EK Cosmetics и брендот Enisa Kadrii.

2. Што ти беше најважно кога ги развиваше производите за нега на лице и заштита од сонце?

Квалитетот никогаш не беше предмет на преговарање.

На пазарот има одлични производи, но премногу скапи и цела една генерација жени останува надвор од нив само поради цената.
Јас го решив тоа прашање од самиот почеток: врвна формулација, чист состав, реална заштита и цена што не бара жртва.

Кожата не е луксуз. Таа е здравје. И како таква, заслужува максимум.

3. Пред извесен период започна сосема ново поглавје со Enisa Kadrii Diamonds. Колку беше голем чекор да започнеш нешто во сосема нова индустрија, иако веќе имаш искуство како претприемач?

Мојата кариера почна на седумгодишна возраст, кога продавав сладолед а на екскурзиите со училиштето правев и им продавав хамбургери на другарчињата.

На тринаесет отворив интернет-кафе со компјутери и гејминг. На петнаесет бев бренд-амбасадор на турски бренд за пижами. Потоа следуваа клуб за едукација на деца, ателје за мода, ателје за цвеќиња, естетско студио. Работев консалтинг со големи компании во Швајцарија и Дубаи, се обидов и во продажба на хидроенергетски турбини од Австрија и енергетски проекти. И на крајот стигнав до брендот. Долг пат за толкава возраст.

Ќе споменам и еден факт. Помина голема семејна несреќа ја изгубив сестра ми. Целата таа болка знаев да ја поминам низ работа, сè додека не ја прифатив реалноста и не научив да го земам животот како што доаѓа. Некои работи не зависат од нас. Животот и смртта не ги менуваме ние тие се одлука на повисока сила.

Со дијаманти почнав да работам затоа што имав исклучително добри контакти и ментори. Универзумот ми испрати дизајнери и архитекти кои денес играат голема улога во мојот jewelry бренд. Нова индустрија да. Но не и нов начин на размислување.

4. И козметиката и накитот се поврзани со убавина, самодоверба и личен стил. Дали токму тоа е нишката што сакаш да го поврзува името Enisa Kadrii?

Сакам името Enisa Kadrii да биде присутно во секоја женска колекција. Дали како козметика во нејзината чанта, дали како накит на нејзините раце и врат целта е иста.

Женската убавина паѓа во сосема друго светло кога жената се негува, се цени, се сака и се грижи за себе. Тоа не е суета. Тоа е став.

И искрено која жена не заслужува по некој дијамант на прстот?

5. Кога брендот го носи твоето лично име, дали чувствуваш поголема одговорност за секој производ што ќе излезе на пазарот?

Секако дека одговорноста е далеку поголема. Но јас ги сакам предизвиците и одговорноста.

Ако нешто е лесно, секој може да го направи.

Моето име стои на секоја кутија. Тоа значи дека немам каде да се скријам и токму затоа стандардот е највисок. Што има Коко Шанел повеќе од Ениса Кадрии? Работела, верувала и не се откажала. Тоа можам и јас.

6. Што би им порачала на младите жени кои имаат идеја за сопствен бренд, но сè уште не се осмелуваат да започнат?

Бидете храбри. Нудете квалитет. И идентификувајте ги реалните потреби на пазарот.

Ако донесувате нешто ново на свет, нека тоа биде вистинска вредност, а не уште еден производ повеќе.

Ништо не е лесно. Но еден живот имаме вреди да даваме се од себе и да одиме по нашите соништа.